Во Солун запленети 300 килограми кокаин во вредност од околу 14 милиони евра

Од:

Околу 300 килограми кокаин скриени во контејнер со банани, биле откриени во Солун и уапсени четири лица, а според министерот за цивилна заштита на Грција, надлежен за полицијата Такис Теодорикакос, се проценува дека запленетиот кокаин е во вредност од 14 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека од уапсените четири лица, странски државјани на возраст од 38 до 52 години, двајца имале водечка улога во меѓународна мрежа за шверц на дрога.

Дрогата била скриена во легален контејнер со банани што тргнал од Колумбија, а кокаинот бил наменет за Европа и Австралија.

Разбивањето на меѓународната мрежа било во соработка со канцеларијата на Американската агенција за борба против дрога (ДЕА) во Солун и со италијанските власти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски