Во Софија се одржуваат два митинга за поддршка на бугарската влада

Од:

Два митинга за поддршка на бугарската влада се одржуваат вечерва во Софија, јави дописникот на МИА од Софија.

Првиот се одржува пред зградата на претседателската администрација за да го потсети Румен Радев дека ги има истите луѓе кои излегоа во 2020 година и го поддржаа кога ГЕРБ и главниот обвинител ги нападнаа неговите канцеларии.

Овој митинг го организира Националната граѓанска иницијатива „Правда за сите“. На него присуствуваа сменетиот претседател на Народното собрание Никола Минчев и привремениот претседател на бугарскиот парламент Мирослав Иванов.

Вториот митинг се одржува пред Народното собрание на Бугарија. Доцна вечерва демонстрантите од пред зградата на претседателската администрација ќе им се придружат на оние пред Народното собрание за да испратат јасен сигнал дека сакаат да се зачува политичката стабилност и да нема промена на прозападниот курс на Бугарија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?