Во Софија ќе се одржи меѓународна конференција за одбрана и кибер-безбедност во Југоисточна Европа

Од:

Во Софија ќе се одржи регионална конференција за прашања од одбраната и кибер-безбедноста, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа се одржува во екот на руската воена инвазија врз Украина.

Организатор на конференцијата е израелската платформа ИМПРОВАТЕ, која обезбедува пристап до водечки технологии и иновации на новите пазари ширум светот.

Домаќин на форумот е поранешниот претседателот на Бугарија (2012-2017) Росен Плевнелиев. Главен говорник ќе биде поранешниот светски шампион во шах, експерт за вештачка интелигенција и голем критичар на рускиот претседател Владимир Путин – Гари Каспаров.

Регионални лидери и високи претставници и експерти од одбранбената и кибер-индустријата ќе разговараат за руската инвазија на Украина и нејзините предизвици за Балканот.

На форумот ќе бидат претставени водечки израелски компании и технологии во областа на одбраната и кибер-безбедноста.

Во работата на форумот ќе учествуваат експерти за кибер-безбедност, хибридни закани, национални закани, дипломати и министри. Меѓу гостите се очекува да бидат поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ, заменик министерот за одбрана на Северна Македонија Башким Хасани и поранешниот премиер на Северна Македонија Владо Бучковски.

Предвидено е и учество на водечките израелски компании Aeronautics, TripleP, CopterPIX PRO, Cognyte, TSG, RAFAEL, Axon Pulse и други. Тие ќе ги претстават своите технологии пред претставниците на извршната власт и бизнисот на Балканот.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски