Бугарската полицијата и чуварите денеска ќе протестираат пред зградата на Народното собрание барајќи пристојна плата за нивната работа.
Организатор е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи на Бугарија, а на протестите се очекува да учествуваат над 10.000 луѓе. Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за незадоволството е недоволното финансирање, како и начинот на кој се разговара за структурни промени во Министерството за внатрешни работи на Бугарија.
Полицијата и чуварите соопштија дека нивните барања немаат политичка конотација.
Истовремено, и вонпарламентарната партија ВМРО најави дека од денеска ќе почне серија протести против поскапувањето на енергенсите во Бугарија.
Извор: МИА