Во Словенија уапсен 141 демонстрант

Од:

Словенечката полиција уапси 141 лице во повеќе градови по синоќешните демонстрации поради економските мерки и против корупцијата.

Заменик-градоначалникот на Марибор, Милан Микал предупреди дека е возможна анархија по нередите и во другите пет градови на Словенија, вклучително и Љубљана. Но, само протестите во Марибор прераснаа во насилство.

Во Марибор се уапсени 119 луѓе, а во другите градови поради нарушување на законот и јавниот ред уапсени се 22 луѓе. Во нередите во Марибор повредени се 22 полицајци.

Демонстрантите во Марибор бараат оставка на градоначалникот Франц Канглер, кој е обвинет за корупција, но одбива да поднесе оставка. Учесниците во протестот фрлаа петарди и камења врз полицијата.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски