Во Словенија се очекуваат нови масовни протести

Од:

Во Словенија денеска ќе се одржат нови протести на кои групите организирани преку социјалните мрежи ќе го изразат незадоволството кон политичките елити. Присуството на Фејсбук го потврдија над 11.000 лица.

Во изминатите четири недели протестите се одржани во дури 20 градови. Најмасовни беа во Марибор и во Љубљана, каде и за денеска се најавени голем број демонстранти.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша изјави дека манифестации против Владата во демократски земји се нормална појава, но дека протестите во Словенија ги насочува старата левица, која сака да ја дестабилизира неговата Влада и која е незадоволна што на претседателските избори победи Борут Пахор, кој се согласува со нејзините стабилизациски мерки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија