Во Сирија убиен уште еден Косовец

Од:

Уште еден млад Косовец загинал на боиштата во Сирија,како припадник на џихадистите.

Станува збор за М.Л.(25) од Скендерај (поранешна Србица), со што бројот на загинатите Косовци,  се искачи на 38, иако се верува дека бројката е поголема.

Пред два дена косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да се приклучи на терористичките групи на ИДИЛ.

Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИДИЛ. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Деновиве од аеродромот беше вратено 16-годишно момче од Витина, кое изјавило дека оди за Турција каде ќе го чекале некои луѓе за да го префлат во Сирија. Тоа било без родители, живеело со баба си и помалата сестра, во многу голема сиромаштија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее