Во Риека: Се преврте товарен воз полн со жито, работниците избегаа во последен момент

Од:

Товарен воз полн со жито утринава на пругата меѓу Шкрљев и Меја кај Риека удри во возило за одржување на пругата на Хрватски железници, при што голем дел од товарниот воз излета од шините.

„Во понеделник, 11.12.2023 година, во 8:49 часот помеѓу станиците Меја и Шкрљево, товарен воз на Rail Cargo Carrier – Хрватска се судрил со возило на Хрватски железници. Според првичните информации, нема повредени лица. Од засега непознати причини возот кој се движел кон Риека не застанал на станицата Меја, што било задолжително. По минувањето низ станицата налетал на железничко возило кое служи за одржување на железничката инфраструктура на отворена пруга. Сообраќајот меѓу две станица е во прекин, а патниците се превезуваат со автобуси на релација Риека – Пласе. Причината за несреќата се уште не е позната, а истрагата е во тек“, додаваат од Дневник.хр.

Работниците на Хрватски железници кои во тој момент работеле на пругата биле навреме предупредени и ја избегнале несреќата.

Би можело да ве интересира

Спречено филмско бегство од затворот во Риека

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Железничка несреќа во Њујорк: Многу патници се повредени

(ВИДЕО) Повеќе од 500 луѓе се повредени при судар на два воза во Кина

Горан Наумовски

Железничка несреќа во Италија, повредени 17 лица

Железничка несреќа во Индија, најмалку 13 загинати и 50 повредени

Горан Наумовски