Во Приштина закажани протести против Вук Јеремиќ

Од:

Во Приштина се планирани два протести против српскиот кандидат за генерален секретар на ОН, Вук Јеремиќ, кој според организаторите, доколку биде избран на оваа висока функција ќе го блокира приемот на Косово во Светската организација најмалку за 10 години, објави српскиот информативен портал Вести онлајн.

Првиот протест е закажан за утре, пред последниот круг од гласањето за кандидатите за генерален секретар на ОН на 29 август.

Организаторката на демонстрациите, Јета Бериша, рече дека Јеремиќ е „најантиалбанскиот политичар” и ако стане генерален секретар, Косово треба да се прости со членството во ОН. Таа истакна дека Јеремиќ е „повеќе од несоодветен кандидат” за шеф на светската организација и не поседува „мирољубив карактер”, кој е потребен за оваа функција.

Втор протест против кандидатурата на Јеремиќ на 3 септември планираат организации на жените во Косово, поддржани од здруженија на мајки и сопруги на жртвите од војната во Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Вучиќ до странците кои му предлагале преодна влада: Ниту таква ниту експертска, само српска влада ќе постои

Студентот од Нови Сад кој одби помилување: Обвинителството требаше да не ослободи, а не Вучиќ

А1он