Капетнијата на пристаништето Патрас денеска пронајде големо количество хашиш во камион- ладилник натоварен со лубеници.
Камионот бил на брод чија крајна дестинација било италијанско пристаниште, јави дописникот на МИА од Атина.
Полицајците со помош на куче трагач во камионот нашле 311 пластични пакети во кои имало околу 350 килограми хашиш.
Во акцијата е уапсен педесетгодишниот возач на камионот.