Во Нови Сад нуркачи го извлекле телото на млад човек од Кина кој загинал на градилиште

Од:

На градилиште на мост во Нови Сад денеска загина кинески работник. Несреќата се случила околу 9.20 часот. Српски државјанин кој работел за кинеската фирма за несреќата ја алармирал новосадската полиција.

Тој ја известил полицијата дека Ј.П.П.(20) се лизнал и паднал во оградена шахта полна со вода, каде требало да се подигне столб од мост и дека не испливал.

Непосредно пред тој повик, полицијата добила повик и од градилиште од работник од Кина кој бил сведок на несреќата.

На терен веднаш се испратени полициски патроли и пожарникари. Припадниците на нуркачкиот тим на жандармеријата го извлекле телото на несреќниот млад човек.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Случајот со трагедијата на Железничката станица во Нови Сад повторно во фаза на истрага

Горан Наумовски

Возач изгубил контрола над автобусот во Бразил – десет мртви, меѓу кои и две деца

А1он

Судот донесе одлука за обвинение за уривање на настрешница во Нови Сад

Продолжен притворот за десетмина осомничени за падот на настрешницата во Нови Сад

А1он

Почина 19-годишниот Вукашин Црнчевиќ кој беше тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад

Горан Наумовски