Во Нови Пазар: Автомобил „слета“ во куќа: Возачот е пренесен во болница

Од:

Невообичаена сообраќајна несреќа се случи на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Нови Пазар кога возач на „рено клио“ изгуби контрола, излета од патот и удри во покрив од куќа која се наоѓа во непосредна близина на патот.

– На возачот веднаш му е укажана лекарска помош и е пренесен во Општата болница во Нови Пазар, за среќа покрај него немало други тешко повредени – изјавија за РИНА сведоците на немилиот настан.

Причинета е огромна материјална штета на автомобилот, но и на самата куќа во која удрил возачот.

На местото на настанот излегле припадници на сообраќајната полиција кои извршиле увид, а според првите информации, главната причина за оваа несреќа е непрописната брзина на движење на автомобилот.

Би можело да ве интересира

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани

Горан Наумовски

Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка

А1он

Судар меѓу воз и автобус, многу повредени

Предраг Петровиќ

Му откажале кочниците на „мерцедес“ и удрил во објект на Царинската управа

Од пат излета „астра“ во Македонска Каменица, четири момчиња се повредени

27-годишен маж со мотоцикл удрил во возило, па завршил во болница