Во Ниш студентите пет часа блокираа пет мостови, тие бараат правда

Од:

Во Ниш денеска се одржа протест наречен „555“ при што пет часа беа блокирани најфреквентните мостови во градот, јавува Anadolu. Студентите кои повикаа на протестот објаснија дека бројот пет ја симболизира нивната петмесечна борба за поправедно општество.

Граѓани, студенти и средношколци се собраа во 11 часот. Во 11.52 часот се одржа шеснаесетминутен молк во спомен на жртвите кои загинаа во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. По молкот, толпата своето незадоволство го изрази со свирежи и извици.

Насобраните посочија дека барањата се уште не се исполнети и побараа одговорност за уривањето на настрешницата, што се случи на 1 ноември минатата година.

На демонстрантите им се придружија и средношколците.

„Со месеци се борам за правда. Секој ден доаѓав до блокади во мојата гимназија „Стеван Сремац“. Бев на секој протест на кој можев да бидам“, рече средношколецот Драгољуб Стојановиќ, кој учествуваше и на протестното возење велосипед од Ниш до Прокупље.

Стојановиќ рече дека е незадоволен од властите: „Не ги интересира природата, ниту народот. Нив ги интересира само власта. Тие не му служат на народот, туку само на себе“, рече тој.

Симболични акции се одржаа и на мостовите на кои студентите ги посочија актуелните општествени и политички проблеми. Сообраќајната полиција беше присутна на сите локации, која го регулираше сообраќајот и обезбедуваше затворање на улиците кои водат до мостовите.

По завршувањето на блокадата во 16 часот, беа организирани протестни прошетки кон паркот Свети Сава, каде во 17 часот започнува собирот на граѓаните.

За потсетување, 16 лица загинаа, а едно лице е тешко повредено при падот на новообновената настрешница на Железничката станица во Нови Сад. Тој настан предизвика студентски блокади на факултетите и масовни протести низ Србија, со барања за кривично гонење на одговорните.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

Полиција: Нема веќе сообраќајна блокада кај Ужице, граѓаните што го блокираа патот ќе бидат законски гонети

Протести и блокади низ Србија: Студентите ги повикуваат граѓаните да го блокираат главниот град од 7 часот

Горан Наумовски

Од вечерва, студентите имаат нова, сосема неочекувана стратегија: Еве што опфаќа акцијата „Маричка“

Нови блокади на раскрсници во Нови Сад од 19 часот