Во Мон Пелрен денеска започнува експертска средба за Кипар

Од:

Во швајцарското одморалиште Мон Пелрен денеска започнува средба на ниво на експерти во рамките на преговорите под покровителство на ОН за обединување на Кипар, јавија кипарските грчки медиуми.

На средбата во која ќе учествуваат експерти од ОН, земјите гаранти – Грција, Велика Британија и Турција, двете кипарски заедници и ЕУ, се очекува да биде изготвен работен документ, што потоа ќе биде претставен на лидерите на двете заедници на островот.

Разговорите во Мон Пелрен се продолжение на минатонеделната конференција за Кипар во Женева и ќе се водат до петок.

На нив ќе се разгледуваат прашања за клучните поглавја за безбедноста и гаранциите на идната држава.

Според изворите, на средбата во Мон Пелнер ќе бидат подготвени алтернативни сценарија за решавање на проблемот за Кипар.

Политичките одлуки за иднината на островот ќе бидат донесени од лидерите на островот кон крајот на месецов.

Целта на денешната средба е да се даде поттик и да се постигне напредок во преговорите на политичко ниво.

До средбата во Мон Пелнер се стигна откако минатата недела преговорите во Женева за Кипар не резултураа со договор.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ