Во дворот на куќата на Ирфан Ченгиќ, градоначалник на сараевската општина Стар Град синоќа била фрлена експлозивна направа, но тоа, како што рече, нема да го обесхрабри да продолжи со процесите што им ги ветил на народот.
„Синоќа пред сехур (појадок за време на Рамазан) ми беше фрлена експлозивна направа со цел да ме заплашат со цел да се запре процесот на враќање на државниот имот на луѓето од оние кои со години го узурпираа. Претставници на амбасадите ме прашаа дали се плашам да водам процеси, одговорот на нив беше ист како и денес. Господ и луѓето ми доверија да водам тешки процеси, нема да се откажам ни милиметар, бидејќи ако првиот човек на заедницата се повлекува под притисок, што да очекуваат обичните луѓе утре кога ќе им дојдат на врата“, изјави Ченгиќ за сараевскиот портал Кликс.
Тој додаде дека мислеле дека е случајно што минатата недела била фрлена бомба на улицата каде што живее семејството на советникот Ведад Дељковиќ.