Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

Од:

Вишото јавно обвинителство во Белград утврди дека нема основано сомнение дека смртта на Матеј Периш е последица на кривично дело, имајќи ги предвид сите околности од неговото исчезнување ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година.

Околностите што му претходеа на исчезнувањето на Матеј Периш, изјавите на лицата кои биле во негово друштво пред неговото исчезнување, со проверки и обдукциски наоди не укажуваат дека неговата смрт е поврзана со каква било форма на насилство.

Имено, обдукцијата која по наредба на Вишото јавно обвинителство ја изврши Институтот за судска медицина во Белград, утврди дека на телото на Матеј Периш нема повреди на коските на главата, вратот, трупот или екстремитетите.

Истовремено, резултатите од токсиколошките анализи покажаа присуство на токсични концентрации на амфетамини во крвта и органите, во присуство на етил алкохол. Исто така, во примерокот од косата беа идентификувани траги од кокаин и бензоилекгонин.

Комисиското вештачење го извршија тројца вештаци, специјалисти по судска медицина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски

Резултатите од ДНК анализата на телото за кое се претпоставува дека е Матеј Периш најавени за денеска

Катерина Ѓуровски