Во Крупањ домовите се уште се полни со кал

Од:

Речиси еден месец по поплавите кои ја зафатија Србија, многу жители на Крупањ се уште не знаат како да продолжат понатаму. Велат дека веруваат во ветувањата на премиерот Александар Вучиќ и претседателот Томислав Николиќ, но дека очекуваат некој од експертите да им рече што може да направат со оштетените куќи.

Бранка Ѓурѓевиќ од населбата Жарковача, чија што помошна зграда ја однела реката Змајевац, објаснува дека куќата во која останале да живеат со сопругот е прилично оштетена и небезбедна, пренесува српски „Блиц“.

-На темелите и ѕидовите се гледаат пукнатини, но не можеме ништо да преземеме, бидејќи се уште никој не дојде да види и да не посоветува што може да направиме. Останавме во куќата на сопствен ризик-вели таа.

Овие жители имаат вода и струја, а храна добиваат од Црвениот крст, но очекуваат да дојде некој и да започне со расчистување на она што останало. Во повеќето куќи не е исчистен сметот, а постојано се намалува бројот на волонтери.

-Го чистат коритото на реката од насипите и во Крупањ е подобро, овде е хаос. Во куќата не сум влегла речиси цел месец. Не успеав да спасам ништо, куќата е полна со земја, ниту една чинија не сочував-вели Миленија Пајиќ.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсена Хрватка која се обидела да упадне во зградата на српското Претседателство

(ВИДЕО) Трагедија во Србија: најмалку осум жртви во пожар во старечки дом

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ