Во косовските болници се сместени само петмина заболени од Ковид-19 и двајца со пост-ковид

Од:

Косовските здравствени власти денеска објавија дека во сите косовски болници се лекуваат вкупно пет лица заболени од Ковид-19 и уште две со пост-ковид, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во дневниот извештај на Клиничката и универзитетска болничка служба на Косово за состојбата со епидемијата на Ковид-19 се наведува дека шестмина од пациентите се сместени во Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и еден во болницата во Ѓаковица. Четворица од пациентите се на третман со оксигено-терапија.

Според Министерството за здравство на Косово, вчера во земјата се регистрирани нови 26 заразени од коронавирусот, односно околу три отсто од лицата кои се тестирале, колку што отприлика изнесува просекот на новозаболени во изминатите неколку недели. Вчера немаше ниту еден смртен случај како последица на епидемијата, беа регистрирани 32 излекувани, додека вкупната официјална бројка на активни носители на вирусот изнесува 544.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски