Во Косово увезени 632 нови и над 9 илјади стари возила

Од:

Во периодот јануари-јули годинава, во Косово увезени се 632 нови автомобили и повеќе од 9 илјади стари возила.

Претседателот на Здружението на увозници на нови возила, Бујар Хоџа апелира до институциите за новите возила целосно да се укине акцизата и да има олеснувања за „еко“ возилата.

Според Хоџа увозот на стари возила треба да се укине поради еколошки причини.

-Препорачуваме укинување на увозот на возила постари од пет години, додека за новите возила да се укине целосно акцизата и да има олеснувања за сите „еко“ возила, кои испуштаат помалку штетни гасови, нагласува Хоџа.

Портпаролот на Царинската Управа на Косово, Адриатик Ставилеци соопшти дека најголем број од увезените возила се од Германија, Франција, Јапонија и САД. Според него во изминатите седум месеци од годинава увезени се 632 нови возила, што е за 21 возило помалку споредено со истиот период лани. Кога станува збор за акцизата за цела 2012 година, портпаролот Стабилеци, изјавува дека по овој основ биле прибрани 32 милиони евра.

Според податоците од Царинската управа само во изминатите седум месеци од годинава во Косово влегле повеќе од 9 илјади стари возила,од кои царината инкасирала околу 19 милиони евра. д

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни