Во јужниот дел на Грција, Атика, денеска е во тек голема операција против криминални банди за кои се верува дека се одговорни за трговија со големи количества хероин.
Операцијата ја спроведуваат грчката крајбрежна стража и полицијата заедно со американски единици за борба против дрога во неколку делови во Атика.
Според првичните извештаи, само во првите неколку часа се запленети големи количества дрога, а притворени се најмалку 10 осомничени.