Во Истанбул уапсен осомничениот за атентатот на претседателот на Хаити

Од:

На аеродромот „Истанбул“ во Турција денеска е уапсен Самир Хандал, осомничен за атентатот на претседателот на Хаити Жовенел Моиз, јави Анадолија.

Хандал, за кого Интерпол распиша црвена потерница, патувал од САД во Јордан преку Истанбул, а приведен е на аеродромот во 6:55 часот по локално време.

Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот со налог за привремено апсење во траење од 40 дена е префрлен во Главното обвинителство „Гази Осман-паша“, а потоа е пратен во затвор.

Претседателот Моиз на 7 јулибеше убиен во вооружен напад што група непознати напаѓачи го извела во неговиот дом во Порт-о-Пренс. Потоа привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба. Првата дама на Хаити, Мартин Моиз, беше ранета во нападот и однесена во болница во Мајами, каде што беше на лекување.

Група колумбиски платеници се сметаат за главни осомничени, иако засега никој не е обвинет или осуден во врска со овој атентат.

„Само што разговарав по телефон со турскиот министер, мојот пријател Мевлут Чавушоглу, и се заблагодарив на Турција за апсењето на Самир Хандал, еден од групата важни осомничени во истрагата за атентатот на претседателот Моиз“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Хаити, Клод Џозеф.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски