Првите два случаи на мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во Јужна Африка, се регистрирани во Хрватска, а е забележано значително зголемување на бројот на лица заразени со британскиот сој на вирусот, изјави епидемиологот Горанка Петровиќ.
– Вчера ги добивме резултатите од секвенционирањето на примероците што ги испративме до Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци чии резултати пристигнаа, 60 беа позитивни за британскиот сој, што е 20 проценти позитивни примероци. Тоа е прилично висок процент. Потврдена е и јужноафриканската варијанта кај две лица кои се вратиле од Африка, од Занзибар, објасни Петровиќ.