Државата ќе исплати минимална плата и придонеси за сите работници кои работат во фирми на поплавените подрачја во жупаниска Посавина, изјави хрватскиот министер за труд и пензиски систем Мирандо Мрсиќ.
Ресорниот министер вети дека во соработка со Даночната управа, со тие претпријатија ќе биде овозможено лесно работење.
Штетите кои поплавните води на реката Сава во средината на мај ги предизвикаа во Гуња нема да бидат помали од 50 милиони евра, истакна градоначалникот на општината Хрвоје Луциќ, додавајќи дека обновата на Гуња ќе трае и до две години.