Птичји грип (вирусот Х5Н1) е регистриран и во североисточниот дел на Хрватска во близина на унгарската граница, јави ТАСС, повикувајќи се на Министерството за земјоделство на Хрватска.
Според Министерството нема опасност од ширење на вирусот.
Преземени се санитарни мерки, а во селото Крижница е воведен карантин.