Во Грција за пет дена пристигнале 48.000 бегалци

Од:

За пет дена во Грција влегле 48.000 бегалци, што е највисока бројка годинава, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција, повикувајќи се на податоците од 21 октомври.

Амин Авад, директор за Блискиот Исток во Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци, изјави дека руските воздушни напади ги зголемиле тензиите во околината на сирискиот град Алепо што придонеле за „динамика на раселувањето“.

Тој додаде дека бројот на внатрешно раселени лица во Сирија се намалил од 7,6 милиони луѓе на 6,3 милиони лица, што може да го зголеми бегалскиот бран кон Европа.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица