Вработените во грчката железница и возачите на автобуси и тролебуси во Атина денеска штрајкуваат поради планираното намалување на платите.
Синдикатите објавија дека е запрено движењето на возовите во цела Грција, а во Атина не сообраќаат автобусите и тролебусите.
Возачите на автобуси во Атина најавија дека ќе штрајкуваат до вторник.
Штрајкувачите изразија солидарност со вработените во атинското метро, кои вчера се вратија на работа по деветдневните протести поради планираното намалување на платите.
Метрото во Атина повторно сообраќа откако грчката Влада вчера објави граѓанска мобилизација и ги принуди работниците да се вратат на работа, заканувајќи им се со откази и апсење.