Русинката Марија Ефимова по која е распишана меѓународна потерница и која е клучен сведок во истрагата за убиената новинарка од Малта Каруана Галиција, денеска е уапсена во Атина.
Грчките медиуми јавија дека таа е уапсена денеска, откако синоќа сама се предала во полициска станица на плоштадот Синтагма во Атина.
Таа при тоа рекла дека „мора да постои нешто“ против неа, по што полицијата пронашла две меѓународни потерници кои ги издале Малта и Кипар поради обвиненија за проневера и измама, и ја уапсиле.
Таа е изведена пред обвинител во Атина и нареден е притвор додека не се испита налогот за нејзина екстрадиција.