Во Грција спасени 140 илегални имигранти

Од:

Во Грција вчера се спасени 140 имигранти, чиј чамец претрпел дефект во Егејското Море, додека се обидувале да влезат илегално на туѓа територија, соопшти грчката крајбрежна стража.

Во соопштението е наведено дека имигрантите се спасени во меѓународни води меѓу грчките острови Родос и Карпатос.

Во операцијата за спасување учествуваа девет товарни бодови и траекти, една фрегата на морнарицата и спасувачки хеликоптер.

Не е објавено државјанството на спасените имигранти, кои безбедно се префрлени на Родос.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит