Процените на Министерството за миграција и азил на Грција се дека во земјата живеат 2.010 деца бегалци без придружба од кои мнозинството се момчиња, јави дописничката на МИА од Атина.
Според официјалните податоци, 1.737 се сместени во простори за долгорочен престој, а за останатите 273 е обезбедено привремено сместување.
Речиси девет од десет деца бегалци без придружба, односно 88 отсто се момчиња, 12 проценти се девојчиња, а шест отсто од вкупниот број се помали од 14 години.
Во вкупниот број се вклучени 32 деца кои имаат придружба од возрасно лице, но не е нивниот законски старател, како и 13 деца од Украина кои се во придружба на три лица.
Извор: МИА