Во Грција се подготвуваат големи антифашистички протести

Од:

Антифашистичките активисти во Грција подготвуваат масовни протести на 19 јануари против неофашистичката партија „Златна зора“, а поддршката за акцијата се зголемува и меѓу синдикатите, општините низ цела држава, имигрантските групи и навивачите.

Минатиот месец, атинските градски власти со големо мнозинство ја поддржа иницијативата за антифашистичките демонстрации, јави дописникот на МИА од Атина.

– Само десничарската Нова демократија не гласаше за поддршка на протестите. Сите други партии се обединија во одлуката да се исполнат барањата на антифашистичките активисти. Дури и ПАСОК и Демократската левица, кои се во коалицијата на власт, изјави Панос Гарганас, уредник на весникот „Работничка солидарност“.

Членови на „Златна зора“ постојано напаѓаат активисти и симпатизери на левицата, како и имигранти. На последните парламентарни избори партијата освои околу седум проценти од гласовите и освои 18 пратенички места. Истражувањата покажаа дека половина од припадниците на полицијата во Атина гласале за неофашистите.

Сепак, „Златна зора“ сега се соочува со растечко антифашистичко расположение во Грција, кое поттикна создавање на се повеќе движење кои се залагаат и ја пропагираат антифашистичката идеја.

Антифашистите во Грција ги повикаа сите сродни движења во светот да ја изразат својата солидарност на 19 јануари. На нивниот апел досега позитивно одговорија антифашистите од Барселона и Париз, а во Лондон ќе се одржи протест пред грчката Амбасада под слоганот „Обединети против расизам“.

– Досега имаме преземено голем број важни иницијативи за да го спречиме фашистичкото насилство, а овој протест е важен чекор со кој сакаме да го покажеме единството и солидарноста на сите грчки антифашисти. Зголемувањето на популарноста на екстремната десница не е само грчки феномен. Тоа се случува низ цела Европа. Значи, на 19 јануари Европа ќе има можност заедно со Грците да и се спротивстави на таа опасна тенденција, изјави Гарганас.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција