Се отвораат грчките трговски центри

Од:

Во рамките на постепеното укинување на рестрикциите во Грција, од утре повторно се отвораат трговските центри и моловите, но под истите правила под кои работи и малопродажбата.

Како што соопшти генералниот секретар од Министерството за развој на Грција Панајотис Стамбулидис, на денешната прес конференција, моловите исто како и продавниците, ќе работат само со услугите „click inside“ и „click away“, односно посета на продавница по претходно закажан термин или подигнување на направена нарачка, а задолжително е и испраќање смс порака, со времетраење од три часа за шопинг.

Стамбулидис ги објасни и правилата под кои ќе работат угостителските објекти, на кои на 1 мај ќе им биде дозволено да ги отворат само летните тераси.

Масите ќе треба да бидат на растојание од 0,9 до 1,8 метар, во зависност од поставеноста на столчињата, дозволени се до шест лица на една маса, само седнати, забрането е стоење, на масите задолжително треба да има средство за дезинфекција, а угостителските објекти ќе бидат затворени за време на полицискиот час од 23 до 5 часот наутро.

Од понеделник, селф-тестовите, односно брзите тестови за домашна употреба ќе бидат задолжителни еднаш седмично за вработените во јавните служби, но и за свештените лица.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он