Во Грција разбиена голема мрежа за шверц со дрога

Од:

Грчката полиција разби албанско-грчка мрежа за шверц со дрога при што се уапсени 28 лица, меѓу кои и тројца полицајци.

Едниот од уапсените полицајци е шеф на службата за борба против илегалната трговија со дрога во полицијата во градот Волос. Другите двајца се високи полициски службеници во Солун и Агринио, јави дописникот на МИА од Атина.

Мрежата за увоз и препродавање на дрогата функционирала под заштита на уапсените полицајци. Тие за високи суми пари ги предупредувале криминалците кога се подготвуваат полициски акции. Полицајците исто така вршеле притисок врз сведоци кои пријавувале случаи со препродавање на дрога. При претрес на нивните домови пронајдени се многу пари и поголема количина дрога.

Обвинителството поседува и аудио снимки со телефонски разговори меѓу полицајците и криминалците.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција