Грчките власти денеска уапсија најмалку 112 имигранти, кои со мали бротчиња патувале кон островите Лезбос и Родос.
Припадниците на крајбрежната стража спасиле 32 лица од пловниот објект, кој потонал североисточно од Лезбос. Југоисточно од овој остров спасени се уште 28 имигранти.
Истовремено, до островот Родос со јахта пристигнала група од 52 имигранта.
Тие се откриени во пристаништето Мандраки, а полицијата привела и двајца криумчари кои тврдат дека се државјани на Турција.
Ниту еден од имигрантите немал документи.