На грчкиот остров Лезбос во изминатите 24 часа пристигнале 84 мигранти и бегалци, и уште 115 стигнале до брегот на Хиос. На островот Самос во последното деноноќие не е регистриран ниту еден нов мигрант.
Во кампот во Мориа на Лезбос има 5.156 мигранти и бегалци, 3.399 се на Хиос и 1.029 се заглавени на Самос.
Според грчката полиција, 9.584 мигранти и бегалци од Лезбос, Хиос и Самос побарале политички азил во Грција.