Во Грција повеќе од 800 педофили се на слобода

Од:

Повеќе од 800 педофили се на слобода во Грција објави весникот „Прото тема“, повикувајќи се на полициски извештај.

Весникот пишува дека и покрај апсењата и подигнатите обвиненија мажите слободно се движат користејќи ги дупиките во законот.

Според официјалните полициски податоци од 2003 година до денес во околу 7.500 случаи обвинети се 823 лица, од кои 274 се уапсени, а за другите 558 се води судски процес. Само 42 од мажите се задржани во притвор, а уште помал е бројот на тие што отслужуваат затворска казна.

Во исто време, истражувањата покажуваат дека едно од десет деца во Грција е жртва на сексуално малтретирање. Секој ден во полиција има по една пријава за таков случај.

Истражувањата покажуваат дека 60 проценти од педофилите напаѓаат момчиња на возраст од седум до 16 години а 40 отсто – девојчиња на возраст од осум до 15 години.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор

Маринакис: Во овој момент не сме до точка да ставиме вето, но почитувањето на Договорот е неопходен предуслов за ЕУ перспективата на Северна Македонија

Горан Наумовски