Во Грција почнува недела на протести пред посетата на „тројката“ меѓународни кредитори

Од:

Во Грција од денеска почнува недела на масовни штрајкови во пресрет на посетата на „тројката“ меѓународни кредитори од Европската унија, ЕЦБ и ММФ кои ќе дадат оценки за реализацијата на структурните реформи во државата.

Федерацијата на вработените во средното образование почнуваат петдневни протести поради намерите во т.н. трудови резерви да се вклучат и наставници и професори. Во протестите се приклучуваат и професори од атински факултети.

Протести најавија и вработени во осигурителни пензиски фондови. На 18 и 19 септември синдикатот на вработените во државниот сектор организираат генерален штрајк против политиката на Владата за намалување на работните места.

На 18 септември поддршка со штрајк ќе им дадат и вработените во приватниот сектор.
До крајот на септември во т.н. трудови резерви ќе бидат префрлени околу 12.500 вработени. Неколку илјади веќе се во таа шема од јули. Околу четири илјади од нив ќе добијат и откази.

Државните службеници префрлени во трудови резерви се должни да го прифатат новото работно место или ќе добијат отказ по неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска