Во Грција почна кампањата за европските избори

Од:

Во ситуација на остра конфронтација меѓу партите од владејачката коалиција и опозицијата, во Грција денеска почнува кампањата за европските избори, што се закажани на 25 мај.

„Етнос“ наведе дека Службениот весник го објави претседателскиот указ, согласно кој изборите за Европскиот парламент се сметаат за објавени. Во указот се истакнува дека 24 мај е определен како датум на кој ќе гласаат Грците кои живеат во странство.

Лидерот на опозицијата Алексис Ципрас, во рамките на предизборната кампања на неговата партија – радикалната левица СИРИЗА на Крит истака дека владејачката коалиција ќе ги изгуби европските избори и ќе биде принудена да распише предвремени парламентарни избори.

– Вистинската дилема на овие евроизбори не е дали е Ципрас или Самарас е подобар, вистинската дилема е: со Меркел или со Грција, посочи Ципрас, повикувајќи ги гласачите да кажат „не“ на досегашната политика на меморандуми за странски кредити.

Една недела пред евроизборите, на 18 мај во Грција се одржуваат локални избори. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит