Грчкиот кошаркарски тренер Никос Сеирагакис, кој во 2011 година беше осуден на 401 година затвор за педофилија, е условно пуштен на слобода.
Сеирагакис во прв степен беше осуден за сексуално злоставување и принудување на 36 деца на блудни дела, а Апелациониот суд ја потврди казната.
На крајот на април 2020 година, за прв пат беше пуштен на условна слобода. Меѓутоа, набрзо e вратен во затвор поради прекршување на условното ослободување.
Сега од него се бара двапати месечно да се јавува во локалната полициска станица, забрането му е да контактира со малолетници и се бара да присуствува на сеанси со психијатар.