Во Грција можност за предвремени избори во септември или октомври

Од:

Можно е во септември или октомври да се одржат предвремени избори во Грција, изјави министерот за внатрешни работи Никос Вуцис.

Тој тоа го изјави денеска, откако пратениците на владејачката партија СИРИЗА се побунија, затоа што беа принудени да го поддржат законот за реформи, на барање на кредиторите.

– Многу е веројатно да имаме избори во септември или октомври, во зависност од развојот на настаните во целина, рече министерот.

Според британскиот весник „Гардијан“, што го цитира министерот, одлуката за предвремени избори може да биде донесена до 22 јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит