Во Грција ќе се гради прв аеродром за хидроплани

Од:

Во пристаниште на грчкиот остров Крф наскоро ќе биде изграден првиот аердром за хидроплани во Грција.

Министерот за животна средина, енергетика и климатски промени Јанис Манијатис, изјави дека овој аеродром ќе биде „прв од таков вид, но не и последен во земјата“.

Тој рече дека грчката Влада целосно ја поддржува иницијативата на локалните власти за изградба на објектот, чија изградба ќе обезбеди нови работни места, ќе ја подобри инфраструктурата и ќе го зголеми туристичкиот прилив на островот.

Како што предвидува проектот, во југозапдниот дел на пристаништето ќе биде изграден посебен пристап за хидроплани и административна зграда, како и обнова на постојаната патна инфраструктура што води до идниот аеродром. Предвидено е од овој аеродорм да се извршат до десет летови дневно.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит