Во Грција илегално подигнати 60 милиони евра во пензии

Од:

Главниот фонд за социјално осигурување во Грција, ИКА, им нареди на директорите на локалните филијали да преземат правни мерки против секој поединец за кој ќе биде утврдено дека ја земал пензијата на починат член на фондот.

Мерката се презема откако беше спроведена внатрешната истрага која покажа дека повеќе од 3.000 пензии биле исплаќани на банкарски сметки на починати членови на фондот, шест или повеќе месеци по нивната смрт и биле подигани од роднини или трети лица.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, утврдено е дека нелегално се подигнати 60 милиони евра, од кои досега се откриени 40 милиони.

Според последната наредба, нема да се преземат правни мерки против лицата кои признале дека ги подигале пензиите на своите починати роднини, ако тие самите се пријават во првите три месеци по смртта на корисникот на пензијата и ги вратат земените пари.

Во меѓувреме, со детална полициската истрага е откриено дека десетици лекари во текот на изминатите неколку години на трети страни издале илјадници рецепти за лекови на име на починати пензионери.

Само во првите три месеци од 2013 година биле издадени 2.585 рецепти на имиња на пензионери кои починале, што државата ја чинело 150 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит