Во Грција голем број училишта затворени поради снег

Од:

Голем број училишта во Грција денеска се затворени поради снегот кој падна во цела земја, дури и на некои острови во Егејско Море.

Дел од училиштата во северниот и источниот дел на Атина, како и во северниот и централниот дел на Грција, како и на Крит и на Киклади училиштата не работат по новогодишните празници поради снегот и студот.

Голем број патишта се непроодни или сообраќајот отежнато се одвива поради снегот и мразот. Снег утрово почна да паѓа во Атина.

На Киклади, на островот Тинос и Андрос плажите се покриени со снег. Некои села се отсечени поради снегот, а има и прекин на електричната енергија. На планините на Крит снежната покривка изнесува еден метар.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит