Во Грција генерален штрајк на синдикатите

Од:

Синдикатите, кои се спротивставуваат на планираните намалувања во државната администрација и приватноот сектор, организираа четврти по ред генерален штрајк.

Дваесет и четиричасовниот штрајк е свикан на иницијатива на Заедничката конфедерација на трудот (ГССЕ) и Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ).

Неколку десетици илјади демонстранти се вклучија во мирен протест до грчкиот Парламент. Над 30.000 демонстранти се собраа пред грчкиот Парламент, скандирајќи „Без повеќе принесување жртви“ и „Изгорете ја тројката“.

Поради штрајкот општините во цела Грција се затворени. Проблеми има и во јавниот транспорт – штрајкуваат возачите на автобуси и тролејбуси.

strajkGreece1

Нарушен е и распоредот на внатрешните летови на авионите. Возовите се во прекин. Не работат ниту голем дел од службениците во државните болници.

Денеска штрајкуваат и службите за јавна чистота, банкарски службеници, новинари.

– Владата го искористи спасувачкиот план како оправдување да не лиши од работничките права, кои ни преостанаа, изјави еден од демонстрантите Костас Лаврецос.

Владата на премиерот конзервативец Андонис Самарас, најави оти ќе скрати 15.000 работни места во државниот сектор до 2014 година и да префрли 12.500 на нови должности оваа година, при што повеќето од нив ќе бидат отстранети во рок од осум месеци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит