Во грчкиот Парламент првпат граѓанска заклетва

Од:

Околу половината од 300 пратеници во новоизбраниот Парламент на Грција денеска по првпат положија граѓанска заклетва, јавуваат грчки медиуми.

Православните христијани во новиот грчки Парламент положија заклетва пред Библијата, а тројцата грчки муслимани тоа го сторија пред Куранот.

Пред положувањето заклетва под засилени мерки за безбедност беа донесени пратеници од крајнодесничарската партија „Златна зора“, кои се наоѓаат во притвор.

На правосудните власти во Атина вчера беа предадени 72 лица, вклучивајќи го и раководството на партијата, за да одговараат под обвиненија за „учество во криминална организација“.

Со тајно гласање утре новите народни претставници ќе изберат претседател на Парламентот. Премиерот Алексис Ципрас за таа функција ја предложи пратеничката на партијата СИРИЗА Зои Констандопулу.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит