Во грчкиот Парламент доставен законот за додаток од 2000 евра за секое новороденче

Од:

Во рамки на предлог законот од Министерството за труд и социјални работи на Грција, што денеска беше доставен во грчкиот Парламент, меѓу другото, вклучена е и новата мерка на владата – додаток од 2000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020, јави дописничката на МИА од Атина.

За добивање на додатокот што ќе се исплаќа на две рати по 1000 евра, потребно е да се исполнат одредени критериуми, меѓу кои и годишниот приход на семејството да не биде над 40 илјади евра, мајката да е со легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот.

Додатокот за новороденчињата не припаѓа во категоријата приходи и е ослободен од секаков дополнителен данок.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит