Во Драч уапсени Косовци при обид да пренесат кон Италија 16 малолетници, се претставиле како фудбалска екипа

Од:

Камуфлирани како фудбалска екипа група Косовци се обиделе да префрлат во Италија 16 малолетници.

-Во пристаништето Драч уапсени се десет лица на возраст од 21 до 54 години, косовски државјани, при обид за Италија илегално да пренесат 16 малолетници сите на возраст од 17 години. И тие се косовски државјани, чии родители на „менаџерите“ им платиле од 3 до 4 илјади евра, стои во полициското соопштение.

Малолетниците биле претставени како фудбалери, додека уапсените како раководство, тренери и физиотерапевти на спортската екипа. Кај еден од организаторите откриени и запленети се околу 6 илјади евра.

Откако ќе биле пренесени во Италија децата веднаш требало да аплицираат за азил. Според италијанските закони малолетниците без придружба ги згрижува државата и им обезбедува образование.

Во Италија се побројни се малолетниците без придружба од Албанија кои родителите ги носат во Италија, ги напуштаат и се враќаат назад во Албанија.

Според последниот извештај на италијанското министерство за социјална работа и прашања, само во октомври годинава 105 малолетници од Албанија, без придружба, побарале засолниште во оваа земја.

Албанските малолетници се рангирани како најбројни по оние од Египет, Тунис, Авганистан, Пакистан и Гвинеја.

Вкупниот број на малолетни имигранти од Албанија без родители во Италија годинава е 1.353 при што 43 од нив се девојчиња.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина