Во Црна Гора секој втор кој е невработен не сака да работи

Од:

Директорката на Управата за статистика на Црна Гора, Гордана Радојевиќ изјави дека во Црна Гора постои голем проблем со неактивност на населението, бидејќи секој втор невработен не сака да работи и не бара работа.

Покрај стапката на невработеност која изнесува 14,1 отсто, Радојевиќ тврди дека повеќе загрижува податокот што во просек во Црна Гора неактивни се 45 проценти од популацијата од 15 до 64 годишна возраст.

Дел од населението не работи и не бара работа, односно да им се понуди работа не би ја прифатиле, вели таа.

-Секако дека одреден процент на неактивност е неизбежен, особено за младата популација која студира, се усовршува. Меѓутоа, и покрај тоа, Црна Гора е земја со највисока стапка на неајтивност во ЕУ и пошироко, изјави Радојевиќ.

Сепак, како што оцени, економскиот раст за кој говорат претставниците на власта во земјата навистина се чувствува, а во прилог на тоа сведочи европската статистика.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ