Во Црна Гора најмногу починати досега, Ѓукановиќ бара од Владата затворање на границите и најстроги мерки

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ денеска ја повика Владата итно и без одлагање да ги затвори границите и да воведе најстроги епидемиолошки мерки.

„Податоците за бројот на починати и новорегистрирани случаи на Ковид-19 се алармантни“, објави Ѓукановиќ на Твитер во драматичниот повик, кој доаѓа откако состојбата во земјата се влоши во изминатите денови.

Институтот за јавно здравје денеска објави дека во изминатите 24 часа, 18 пациенти починале од последиците на коронавирусот, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата.

Регистрирани се и 417 новозаразени од 1.313 тестирања, а најмногу нови случаи има во Подгорица (153) и Никшиќ (79).

Од почетокот на корона-кризата, во Црна Гора од Ковид-19 починаа 1.085 луѓе, според официјалните податоци.

Би можело да ве интересира

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба

ВИДЕО: 12 минути молк на Цетиње за жртвите од масакрот