Во Бугарија во недела вонредни избори

Од:

Граѓаните на Бугарија во недела ќе излезат на вонредни парламентарни избори, распишани по оставката на владата на Бојко Борисов во февруари оваа година.

Падот на владата беше инициран со масовни граѓански протести против скапата електрична енергија, зголемената невработеност и корупцијата во државата.

На изборите учествуваат 63 партии, од кои 23 формираа коалиции, додека останатите ќе настапат независно.

Последните истражувања на јавното мислење покажуваат дека е тешко нешто да се промени во политичката карта во оваа држава.

Главната изборна битка ќе се води помеѓу политичките сили од досегашниот состав на парламентот, популистичко десно-централистички партии Граѓани за европски развој на Бугарија и Бугарска социјалистичка партија, на Сергеј Станишев.

Анкетите покажуваат дека одзивот на изборите ќе биде околу 55 и 60 проценти.

Сосема е јасно дека ниту една партија нема да може самостојно да формира влада, а мали се можностите да дојде до соработка помеѓу десните и левите партии.

Претседателот на Стопанската комора на Бугарија, Божидар Данев изјави дека бугарското стопанство веќе четири години е во стагнација и дека се уништени повеќе од 400.000 работни места.

Иако тоа е светски феномен, сивата економија во Бугарија сепак помага за опстанот на бизнисите и граѓаните.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени