Бугарија: Судење на двајцата терористи за нападот во Бургас

Од:

Бугарското обвинителство соопшти дека ќе организира судење на двајцата терористи, обвинети за нападот врз група израелски туристи, на аеродромот во Бургас, извршен на 18 јули 2011 година.

Главниот обвинител Сотир Цацаров изјави дека бугарските власти го знаат идентитетот на сторителите на терористичкиот напад и за нив ќе бара екстрадиција, но доколку тие не бидат префрлени во Бугарија, на терористите ќе им се суди во отсуство.

Во подметната бомба, во автобусот со израелски туристи кои допатуваа на одмор во Бугарија, беа убиени петмина Изреалци. Во нападот загина и бугарскиот возач на автобусот.

Според бугарската истрага, за терористичкиот напад се обвинети двајца припадници на исламистичката, шиитска организација Хезболах. Едниот е Мелиад Фарах (32) кој е државјанин на Австралија, а вториот обвинет е Хасан ал Хаџ Хасан (25) кој има канадско државјанство. Двајцата имаат либанско потекло и неколку години живееле во Либан, пред да го извршат нападот во Бургас, но сега не се во оваа земја.

Бугарското обвинителство и го дојавила идентитетот на двајцата обвинети на полициската агенција на ЕУ.

– Со ова судење сакаме на сите да им покажеме дека во Бугарија има нула толеранција за тероризмот, изјави во Софија обвинителот Сотир Цацаров.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?